Фудбалерите на Милан беа шокирани во 95 минута во Бергамо. Аталанта по пауза од две кола, во кои забележаа два порази, се врати на победите во Серија А, и тоа во вистински момент – во натпревар против фаворизираниот Милан.

Аталанта и Милан одиграа пектакуларен натпревар во Бергамо кој заврши со славје на домашните фудбалери од 3-2 (1-1), но она што ќе остане запаметено од овој дуел е спектакуларниот гол на Муриел во 95. минута.

Победеносниот гол на Луис Муриел:

По мирниот старт на дербито, Лукман во 38. минута донесе водство за Аталанта од 1-0. Но во третата минута од продолжението ветеранот Жиру со глава израмни на 1-1. На почетокот на вториот дел Лукман пово беше во центарот на вниманието и со нов погодок ја врати позитивата на Аталанта, но домаќините одново ја испуштија. Се играше 80. минута кога српскиот напаѓач Лука Јовиќ на додавање на Пулишиќ го постигна својот втор гол во дресот на миланезите за 2-2. Сепак, длабоко во судиското надополнување Муриел изведе „магија“ со пета и донесе огромна победа за својата екипа за нови три бода.

 

Првиот денешен натпревар од 15. коло во Серија А заврши без победник. Лацио со голот на Закањи имаше водство на гости кај Верона, но домашниот тим се врати во вториот дел и преку Анри стигна до голем бод (1-1).