Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, одлучи да испрати дополнителен повик за Енур Тотре и за Дориан Бабунски за собирот на националниот тим во пресрет на последните два натпревари од квалификациите за СП во Катар 2022. Тотре кој настапува за лидерот во албанското првенство Тирана треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, додека Бабунски од Ботев Враца е втор стрелец во прбенството на Бугарија со 6 гола , ќе биде дел од навалната линија откако стана јасно дека Адис Јаховиќ поради повреда нема да може да одговори на повикот.
Тотре имаше повик и од поранешниот селектор Игор Ангеловски пред дуелот со Ерменија на Кипар во Лигата на нации, додека Дориан Бабунски ќе биде нов дебитант во А-репрезентацијата.
Фудбалската репрезентација на Македонија ја очекуваат натпревари против Ерменија на гости и против Исланд на домашен терен во последната сесија од квалификациите за Светското првенство во Катар.