Бруклин Нетс  вечерва го победи Торонто Репторс со 116:103.

Торонто Репторс во својата „Скотјабанк Арена“ беа поразени од Бруклин Нетс, по маестралната партија на Кевин „КД“ Дурент во која постигна 31 поен со 7 скока и 7 асистенции.

Солиден беше и Џејмс Харден, кој беше на прагот на трипл-дабл со 28 поени, 10 скока и 8 асистенции, но и со лош процент на удари за три поени, додека имаше 7 од 16 од игра.

Ова е седма победа на Нетс во сезоната, додека Репторс по поразот од дивизискиот ривал има скор од 6 победи и 4 порази.

Ги предводеше Фред Ванвлит со 21 поен и покрај тоа имаше 3 скока и 8 асистенции, додека го следеше Оу Џи Ануноби со 16, а Паскал Сијакам имаше 15 поени во реваншот.

Што се однесува до самата игра, Дурент одлично отвори во првата четвртина кога постигна 12 поени, додека Харден генерално се мачеше во тој момент, а Сијакам покажа дека нема лесно да дозволи Нетси да се одлепат .

Втората четвртина им припадна на домашните, тие го добија тој дел од натпреварот со 34:24 и на полувремето успеаја да заминат со 60:53, за во вториот дел Дурент и Харден да се разиграат и целосно да ги дотолчат.

На крајот без проблем славеа со резултат 116:103