Украинската фудбалска легенда, Андриј Шевченко се враќа во Италија, но овој пат како тренер. Последниот ангажман на Шевченко беше селектор на Украинската фудбалска репрезентација и ја предводеше на последното Европско првенство.
Легендарниот Украинец за првпат се враќа во Серија А ја презема Џенова и ќе биде тренер на нашиот Горан Пандев.
Ѓенова мака мачи оваа сезона и е на 17. место со девет бодови откако многу средби ги заврши со нерешен исход, а задачата на Шевченко секако ќе биде да се задржи прволигашкиот статус на клубот. Украинецот на клупата на италијанскиот клуб ќе дебитира по репрезентативната пауза, кога Џенова ја очекува меч на домашен терен против Рома.