И дефинитивно може да се каже дека најголем „паразит“ во историјата на фудбалот е Герет Бејл, актуелниот член на Реал Мадрид. Заработува многу, многу пари, речиси 18 милиони евра нето и тоа годишнo. Проблемот е што не игра, ниту пак е заинтересиран да игра за својот тим.
И сите во клубот ги прави нервозни, од раководството на клубот, преку стручниот штаб и секако соиграчите. Досега во оваа сезона одиграл само 193 минути, што значи Реал за него плаќа по 90.000 евра за секоја минута кога на „господинот“ ќе му се посака да заигра во белиот дрес на “кралевите“.
Колку за потсетување.Кога Бејл доаѓаше во Реал во тоа лето 2013 година, тој трансфер од 103 милиони евра тогаш беше рекорден.
Инаку него во јуни му истекува договорот и Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид ни во сон нема да му го продолжи