Младиот ракометар на Пелистер, Петар Атанасијевиќ оствари неверојатен рекорд откако постигна 32 гола во победата од 57-16 против тимот на Шампион во рамките од Купот на Македонија.
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Петар Атанасијевиќ имаше ден за паметење, тој на еден натпревар даде дури 32 гола, што е рекорд во македонскиот ракомет.
Девет гола постигна во првото полувреме, а дури 23 во вториот дел од дуелот кој Пелистер го доби убедливо со 57-16.
Атанасијевиќ за еден гол го надмина претходниот рекод кој го држеше Златко Димитровски кога во дресот на Тиквеш постигна 31 гол на еден меч.