Фудбалерите на Лос Анџелес не успеја да ја одбранат титулата во американската МЛС лига, oткако загубија во големото финале со 2-1 од екипата на Колумбус кој оствари историски успех.

Тимот на Колумбус е новиот шампион во МЛС, тој го симна од тронот Лос Анџелес, минатогодишниот освојувач на трофејот. Домаќинот на последниот натпревар од МЛС шампионатот беше подобриот ривал во поголемиот дел од натпреварот. И тоа го материјализираше со два гола, што се покажа како недостижна предност.

Прва радост за новиот шампион донесе Чучо во 33. минута од пенал, а четири минути подоцна Јебо ја зголеми предноста што беше доволно за конечен триумф.

Екипата на Лос Анџелес не се предаваше, во 74. минута Буанга со гол им ја врати надежта на гостите. Сепак, до крајот на натпреварот Колумбус успеа да се одбрани и да оствари голем триумф.