Португалија оствари убедлива победа (0-5) и ја понижи БиХ на гостински терен во Зеница откако постигна пет гола во првото полувреме и го реши натпреварот. Ветеранот Кристијано Роналдо беше двоен стрелец, а во текот на првото полувреме навивач влета на теренот и го нападна, сакајќи веројатно фотографија со својот идол.
Бруно Фернандеш, Жоао Кансело и Жоао Феликс беа стрелци на останатите голови за Португалците.
Холандија ја совлада Грција со 0-1 на гости, а победничкиот гол го постигна Вирџил ван Дајк од пенал во судиското продолжение од натпреварот. Во првото полувреме, Вегорст не реализира пенал за Холанѓаните.
Словачка го победи Луксембург на гости со 0-1, со голот на Давид Дуриш во 77.минута, Исланд беше убедлив против Лихтенштајн со 4-0, а и Ирска славеше против Гибралтар со 0-4.