Она што посебно беше забележително е немоќта во нападот на Барселона. Лидерот во Ла Лига во претходните 12 кола постигна 40 гола, но на вчерашното гостување офанзивците на каталонскиот гигант не изгледаа така расположени.
Барселона ја погоди еднаш мрежата преку Левандовски во 13. минута, но тој гол беше поништен поради недозволена позиција по асистенција од ВАР собата.
Фудбалерите на Барселона упатија 11 удари кон противничкиот гол, меѓутоа ниту еден од нив не одеше во рамките од голот. Такво нешто на Барселона според статисиката на „Опта“ и се нема случено цели 10 години.
Последен пат кога Барселона немала шут во рамки од голот цел натпревар било против Малага во 2014 година. Тимот во тој натпревар беше предводен од Луис Енрике.