Двете екипи можат да жалат за победата, Наполи поради тоа што прв беше во водство, а Интер бидејќи не искористи пенал во вториот дел. Резултатот го отвори Мектоминеј во 23. минута, а непосредно пред крајот на првото полувреме Хакан Чалханоглу израмни на 1-1.
Турчинот можеше да биде апсолутен херој на мечот, но место тоа излезе трагичар затоа што во 74. минута не успеа да искористи пенал и топката по неговиот шут заврши во стативата.
https://twitter.com/i/status/1855723927265517972Интер беше поблиску до триумфот на овој дуел, имаше повеќе шанси за гол, но на крајот мораше да се задоволи со ремито.
Наполи го преброди и ова тешко гостување и остана на челната позиција со 26 бода, но зад него се четири екипи со бод помалку, меѓу нив и Интер.