Колумбија загуби од Перу со 1-0 и со тоа си ги загрози шансите за настап на Светското првенство во Катар годинава. Колумбиските навивачи со гласни свирежи и навреди ги испратија фудбалерите надвор од теренот.
Џејмс Родригез, најголемата ѕвезда на репрезентацијата, полуде по натпреварот. “Кучкини синови, Неблагодарни гомна.” – урпаше Родригез пред камерите по натпреварот.
Тој подоцна испрати порака до навивачите на Инстаграм: „Никогаш не се откажав, ниту ќе се откажам. Им верувам на моите соиграчи и ќе се бориме до крај. Секогаш ја даваме душата за Колумбија“.
Четирите најдобри јужноамерикански репрезентации ќе одат директно на Мундијалот, додека 5-та репрезентација ќе оди во дополнителни квалификации. Колумбија моментално е на 6-то место со 17 бодови, два помалку од Уругвај, три помалку од Перу и седум помалку од Еквадор.