Кошаркарите на Денвер го совладаа Далас со 122-120 и стигнаа до својата седма победа во сезоната.

Звезда на вечерта беше српскиот див Никола Јокиќ, кој повторно доминираше на теренот и продолжи со неверојатни бројки зад своето име. Јокиќ одигра фантастичен натпревар во кој повторно беше најдобар во својата екипа.

Српскиот центар натпреварот го заврши со уште еден трипл-дабл, четврти во низа. Јокиќ постигна 37 поени и додаде уште 18 скока и 15 асистенции со шут од игра 13/21. Далеку зад Србинот беше Џамал Мареј со 18 поени, Портер Жуниор додаде поен помалку, а Пејтон Вотсон го заврши натпреварот со 16. За Далас не помогнаа ниту 43 поени на Ирвинг, а Дончиќ дојде на чекор од трипл-дабл со 24 поени, девет скокови и исто толку асистенции.

Денвер во финишот влезе со заостанување од два поени, но Јокиќ на 48 секунди до крајот донесе израмнување. Ирвинг беше запрен во наредниот напад, а Мајкл Портер Жуниор погоди шут за два поени и го врати Денвер во предност.

Се обиде Ирвинг со тројка да донесе победа, но промаши за потоа непрецизен од офанзивен скок да биде и Даниел Гафорд, така Денвер дојде до петтиот триумф во низа.