Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер во Бундеслигата во 21 век, по избор на реномираниот портал Goal.com.
Овој специјализиран фудбалски сајт ја објави листата на 25 најдобри играчи од елитата на германскиот фудбал кои играле во овој милениум, а меѓу првите десет има дури девет кои настапувале за Баерн Минхен. Баварците во тој период освоија дури седумнаесет шампионски титули.
Левандовски најпрвин играше за Борусија Дортмунд каде постигна 103 гола, а потоа се пресели во Баерн за кого постигна 344 гола на 375 натпревари пред да ја продолжи кариерата во Барселона, каде продолжува немилосрдно да ги тресе противничките мрежи.
Второто место на оваа листа го зазема Томас Милер, а потоа следуваат Франк Рибери, Мануел Нојер, Филип Лам, Бастијан Швајнштајгер, Марко Ројс, Арјен Робен, Михаел Балак и Давид Алаба.
Меѓу сите нив, само Марко Ројс никогаш не играл за тимот од „Алијанц Арена“, а кариерата ја изгради во Борусија Дортмунд.