Покрај возбудувањата во германскиот Куп, беше и финалето во Суперкупот, дуел кој понуди супер атрактивен фудбал и драматичен финиш.
Французинот го остави Леверкузен на цедило во 37-та минута и работата стана многу тешка и сложена за фаворитот, уште повеќе кога Ундав погоди за 1:2 во 63-та минута.
Сепак, Леверкузен не се откажа и успеа да притисне со 10 играчи на теренот, а во финишот и да израмни преку Шик за 2:2. Погодокот на напаѓачот во 88-та минута го однесе финалето на пенали, а таму како подобри реализатори се покажаа актуелните шампиони.
Сите четири изведувачи на Чаби Алонсо беа прецизни, додека на спротивната страна не реализираа Крациг и Силас.