Леклер испадна од патеката во 19 круг, откако претходно водеше жестока битка против Верстапен и успешно се одбрани од неговите напади, по што актуелниот светски првак го презема лидерското место.
Карлос Саинц од Ферари имаше добра трка, иако почна од задниот ред, па успеа да напредува дури до третото место, но потоа неговата екипа направи чудна одлука, и тоа во момент додека возачот се тркаше со Серхио Перез од Ред Бул.
Веднаш откако стигна до третата позиција, Саинц беше повикан во бокс за промена на гумите, по што падна дури до деветтата позиција, па имаше задача да ги премине останатите конкиуренти и да стигне до петтата позиција, иако впечатокот е дека можеше да биде на многу подобра позиција и покрај казната од пет секунди.
Во последните неколку круга повторно беше забележана драматична битка меѓу Перез и Џорџ Расел, при што младиот возач од Мерцедес успеа да го премине ривалот и да го освои третото место.