Македонија вечерва игра против Италија на “Олимпико” во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Досега нашиот национален тим не знае за пораз кога гостува на Апенините.
Голманот Столе Димитриевски вели дека секогаш ќе го памети првиот меч во Торино (1-1).
“Италија секогаш има посебно место кај мене. Дебитирав за националниот тим токму против Италија во Торино и не загубивме. Вечерва исто така не очекува тежок натпревар и ние се надеваме дека ќе одиграме уште еден голем меч. Знаеме дека на Италија и е потребна победа, но и ние сакаме нов позитивен резултат против европскиот првак”, изјави Столе Димитриевски.