Фудбалерите на Англија на неверојатен начин се спасија од бездната и на крајот успеаа да се пласираат во четвртфиналето на ЕВРО 2024 каде ќе одат на дуел со Швајцарија. Гордиот Албион по продолженија оствари триумф од 2-1, но се спаси од пораз во 95.минута со голот на Џуд Белингам.
Фудбалерот на Реал Мадрид со фантастичен гол со „ножички“ ги спаси Англичаните од елиминација.
Голот на Белингем може да го видите ТУКА.
На почетокот на продолженијата, во првата минута од дополнителните 2 х 15 минути, Хари Кејн постигна гол за целосен пресврт.
Иван Шранц во 25.минута ги изненади Англичаните кои играа очајно во првото полувреме, а и во најголемиот тек од регуларниот дел. Но, сепак, квалитетите на Белингам и на Кејн ја спасија Англија и ги сочуваа нивните надежи за освојување на трофејот на Европското првенство.