Португалците Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во Барселона и покрај нивната желба да останат, заминува и Маркос Алонсо на кој му истече договорот.
Барселона денеска ја соопшти одлуката за заминување на тројцата играчи.
„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, стои во соопштението на Барселона.