Португалецот Кристијано Роналдо ја отслужи казната и конечно дебитира за новиот клуб Ал Наср од Саудиска Арабија, кој победи со 1-0 против Ал Етифак.

Роналдо имаше ситуација да постигне гол, но не искористи една шанса, по која топката стигна до Талиска, а тој ја затресе мрежата на ривалот за победа од 1-0.

Ал Наср го презема лидерското место во првенството и има 33 бодови, односно еден повеќе од ривалот Ал-Хилал.