„Златната копачка“ од минатото Светско првенство во Русија пред четири години, Хери Кејн дојде како предводник на Англија на овој Мундијал во Катар, да ја брани голгетерската награда, ама после три меча наместо голови стана најдобар англиски асистент по 20 години на едно СП.
Сите чекаа дека Кејн ќе биде главната ударна сила на Англија, кога станува збор за головите, но Маркус Рашфорд даде три од вкупно деветте, Букајо Сака два, а по еден Џад Белингем, Рахим Стерлинг, Фил Фоден и Џек Грилиш.
Наместо голови, Кејн стигна до три асистенции досега на СП и со тоа стана прв по Дејвид Бекам од СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја, кој запишал три асистенции на еден Мундијал.