Напаѓачот на Барселона, Ансу Фати, не е задоволен од минутажата во тимот. Тоа му го потенцирал и на тренерот Чави Хернандез.
Ансу Фати сака многу почесто да биде дел од стартниот тим на Каталонците.Сепак, Чави смета дека се уште е рано за максимално да го оптовари фудбалерот со оглед дека веќе долго време се мачеше со повреди.
Фати оваа сезона постигна три гола и имаше три асистенции во сите натпреварувања.