Дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди (27) е обвинет за седум силувања во август 2021 година. Менди ја освои светската титула со француската репрезентација во 2018 година, а сега е обвинет за седум силувања на четири жени и сексуален напад врз петта жена.
Седмото обвинение за силување доаѓа од новиот обвинител кој го товари за напад во јули минатата година.
Претходните обвинувања се однесуваат на периодот помеѓу октомври 2020 и август 2021 година.
Тој е во затвор од август, а ќе му се суди на 24 јануари. Менди исто така беше суспендиран од Манчестер Сити, отстранет од видео играта на ФИФА и овој вторник беше префрлен од затворот Ливерпул во друг во Манчестер. Таму, и покрај безбедносните протоколи, тој ќе биде мета на други затвореници.
Менди беше транфериран во затворот Стрејнџвејс во Манчестер, кој се смета за еден од најбруталните и најнасилните во Англија.
„Тој не можеше ни да претпостави дека ќе го донесат во еден од најнасилните затвори во Англија. Тој исто така ќе има голем проблем со многу навивачи на Манчестер Јунајтед овде“, изјави неименуван извор за The Sun, додавајќи:
“Нема да може да спие, особено затоа што е обвинет за сексуално недолично однесување. Таму има навивачи на Сити, но тие нема да го бранат бидејќи е обвинет за силување”.
Менди стана најскапиот одбранбен играч во историјата во 2017 година кога Манчестер Сити му плати на Монако 52 милиони фунти (околу 60 милиони евра). Пред тоа, францускиот фудбалер од 2013 до 2016 година беше во Марсеј, каде дојде од Авр.