Лионел Меси не играл за Интер веќе три месеци, но неговото отсуство на фантастичен начин го надополнува Суарез. Синоќа, тимот од Флорида го совлада најголемиот ривал за првото место во конференцијата, Синсинати со 2-0, а стрелец на двата гола беше токму Уругваецот и тоа во првите шест минути од дуелот.
Првиот од нив по само 30 секунди игра што е најбрз гол во историјата на Интер Мајами. Со двата постигнати гола, Суарез сега е рекордер на Интер по бројот на голови во една сезона со 18, надминувајќи го Гонзало Игуаин кој во 2022 година постигна 16.
Интер Мајами се наоѓа убедливо на првото место во својата конференција со 56 бода, осум повеќе од Синсинати и се бори за првата шампионска титула во МЛС во својата историја.