Германија оствари победа со 2-0 против Данска во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) и е вториот патник во четвртфинале по Швајцарија која претходно беше подобра од Италија (2-0).
ВАР-технологијата му поништи погодок на Шлотербек во четвртата минута поради прекршок, по што главните случувања беа на почетокот на второто полувреме кога видео-системот повторно се активираше.
Најпрво му беше поништен гол на Андерсен во 48. минута поради офсајд, а потоа истиот фудбалер играше со рака и ВАР ѝ додели пенал на Германија кој беше реализиран од Хаверц.
Германската селекција со оваа победа обезбеди четвртфинале каде што ќе игра против победникот од мечот меѓу Шпанија и Грузија.