Селекцијата на Швајцарија ја елиминира Италија со 2-0 од осминафиналето на Европското првенство (ЕП) во Германија, што значи дека Европа добива нов шампион.
Италија играше очајно од самиот почеток на натпреварот, додека Швајцарија напаѓаше постојано кон голот на Џанлуиџи Донарума, по што првиот гол го постигна Фројлер во 37. минута.
„Аѕурите“ на почетокот на вториот дел доживеаа нов шок, кога Варгас постигна прекрасен гол во 46. минута за предност од 2-0 на Швајцарија, по што Италија не успеа да се врати во мечот и си заминува дома.
Скамака се обиде да ја врати надежта во 76. минута, но го погоди дирекот од голот на Швајцарија.
Во четвртфиналето, Швајцарија ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Англија и Словачка.
https://twitter.com/i/status/1807098467203862728