Српската тениска звезда Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев со 2:0 во сетови во последната проверка пред стартот на Вимблдон.
Првиот сет Ѓоковиќ го освои благодарение на брејкот во четвртиот гем. Српскиот ас играше одлично во тој дел од дуелот и Медведев немаше одговор за неговите удари од основната линија.
Во вториот сет Русинот заигра подобро и направи брејк во четвртиот гем, но веднаш во наредниот Ѓоковиќ го врати.
Нов брејк Новак направи во деветтиот гем и на крај на свој сервис дојде до победата.
Вимблдон ќе се игра од 1. до 14. јули, а противник на Новак ќе биде Чехот, Вит Коприва.