Фудбалерите на Рома успеаја да слават на реванш-средбата со Лестер Сити (1-0) и така се пласираа во финалето во првото издение на Конференциската лига на УЕФА.

Жозе Мурињо доста емотивно го доживеа крајот на натпреварот на преполниот „Олимпико“, додека клубот направи голем гест и не ги заборави фановите кои што го бодреа тимот во најтешкиот пораз на Рома оваа сезона.

Во рамки од групната фаза италијанскиот тим со убедливи 6-1 загуби на гостувањето кај Бодо Глимт, а навивачите кои што отпатуваа во Норвешка да го бодрат својот тим, сега ќе добијат билети за финалето во Тирана.

Во натпреварот за титулата во Конференциската лига, Рома ќе се сретне со Феенорд, кој во полуфиналето го елиминира Олимпик Марсеј.

https://twitter.com/OfficialASRoma/status/1522326405090054144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522326405090054144%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fgolem-gest-na-roma-fanovite-koi-go-gledaa-debaklot-so-bodo-kje-dobijat-bileti-za-finaleto-vo