Во натпреварот од Лига-купот, против „второлигашот“ Раит, Абердин поведе уште во шестата минута од средбата, а стрелец беше – Бојан Миовски. Беше досуден пенал за Абердин, кој го заработи токму штипјанецот, па сам ја искористи пружената шанса со одличен шут. Пред крајот на полувремето, тимот на Миовски поведе и со 2-0, со погодок на Меккори, а со топка го послужи Миовски.
Миовски пристигна во Абердин оваа недела, како големо засилување, од МТК Будимпешта за 624.000 евра.