Спектакл на “Олд Трафорд“ на дерби мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал кој заврши со победа од 3:2 на домашниот тим. Натпревар како што може да се види само во Премиер – лигата.
Арсенал поведе во 13. минута преку Смит Роув. Во 44.минута Бруно Фернандеш израмни на 1:1.
Во 52.минута еуфорија на “Олд Трафорд“, Роналдо стрела за 2:1, погодок бр.800 во неговата кариера. Сепак две минути подоцна Одегард израмнува на 2:2, за молк на трибините.
Роналдо одново во центарот на вниманието, во 70.минута пенал за Јунајтед а Португалецот беше безмилосен за 3:2, ова беше неговиот 801 гол во кариерата.