Екипата на АЕК Ларнака се пласира во плејоф-фазата од Лига Европа, откако синоќа одигра нерешено на гостувањето кај Партизан (2-2) со што ја задржа предноста од првиот меч (1-0), натпревар кој ќе се памети по понижувањето кое домашните фудбалери го претрпеа од сопствените навивачи, но и по маестралниот погодок на гостинската екипа.
Нашиот Иван Тричковски не настапи за Кипраните, а во негово отсуство на сцена стапи Фараж, кој го постигна вториот погодок за својот тим.