Со деветтиот гол на светските првенства, Лео Меси и обезбеди предност на Аргентина од 1:0 по првиот дел од осминафиналниот натпревар против селекцијата на Австралија. Ѕвездата на светскиот фудбал во својот 1000-ти меч во кариерата, погоди во 34. минута за водство на „гаучосите“ и покажа дека е главна движечка сила на тимот кој претендира на највисок пласман на ова СП.
Австралијците покажаа дека можат да бидат конкурентни, но беа далеку од опасни по голот на Мартинез.
https://twitter.com/brc_2903/status/1599126111790968832?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1599126111790968832%7Ctwgr%5Ece7b88efdab60c5c2b1bd7f54dc9fe59cc4e5cd9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Favstralija-ja-pochuvstvuva-magijata-na-mesi-gol-vo-svoj-stil-na-jubileniot-mech
Во второто полувреме по една катастрофална грешка на одбраната гаучосите дадоа и втор гол кој беше дело на Хулијан Алварез кој го искористи киксот на голманот Метју Рајан.
Во 77 мин. Австралија го намали резултатот на 2-1, реализатор беше Гудвин.