Манчестер Јунајтед го следи Џејми Варди и во него гледа решение за офанзивните проблеми во пресрет на новата сезона.

Ерик Тен Хаг има неколку грижи со кои треба да се справи што поскоро. Една главоболка носи желбата на Кристијано Роналдо да си замине. Единсон Кавани си замина, Ентони Марсијал се врати од позајмицата во Севиља, но холандскиот стратег не е задоволен од „оружјата“ во својот напад.

Поради тоа англиските меидуми пишуваат дека ветеранот од Лестер Сити би можел да биде опција ова лето. 35-годишникот години наназад се докажува во Премиер лигата и има само една година од тековниот договор со „лисиците“. Варди постигна 17 гола на 33 натпревари под водство на Брендан Роџерс во сите натпреварувања минатата сезона. Тој успеа да го собори рекордот за најмногу постигнати голови по 30-годишна возраст во првата лига на Англија.

„Црвените ѓаволи“ ќе ја отворат премиерлигашката сезона со домашен натпревар против Брајтон.