Уругваецот Хосе Марија Хименез, екс-фудбалерот на Атлетико Мадрид кој дивееше вчера после елиминацијата на Уругвај после шокот со голот на Јужна Кореја и триумфот со 2-1 против Португалија, се соочува со суспензија од 15 меча.
Хименез со лакт удрил еден од директорите на ФИФА за натпреварување на СП после завршувањето на мечот со Гана, кој Уругвајците го добија со 2-0, но триумфот излезе пирова победа за нив, откако Кореа погоди во 91-та минута.
Хименез дивееше после мечот, па прво му се нафрли на судијата Даниел Зиберт за недосудените пенали врз Дарвин Нуњез и Единсон Кавани, а потоа со лакт удрил еден од директорите на ФИФА. Поради ова од ФИФА се соочува со најжестока казна која ќе му важи за сите натпреварувања, како клупски, така репрезентативни.