Луис Суарез стана најдобар стрелец во историјата на јужно-американските квалификации за пласман на мундијалите. Уругваецот, изминатата ноќ, го урна рекордот на својот пријател Лионел Меси.

Уругвајците со пеколен финиш, победија на последните четири натпревари, изборија директен пласма на Светското првенство.

Во последното коло, Ургвајците славеа во Чиле со 2:0. Головите ги постигнаа играчите на Атлетико и Реал Мадрид, Луис Суарез во 79. и Феде Валверде во 90.минута.

Суарез во кариерата, во квалификациски натпревари за пласман на мундијалите има постигнато 29 голови, еден повеќе од големиот пријател Меси.

35-годишникот, против Чиле ја потврди класата, со ножички ја смести топката во голот.