Јануарскиот преоден рок може да биде многу возбудлив за навивачите на Барселона. Покрај Феран Торес, кого Барселона планира да го доведе од Сити, каталонскиот клуб од Англија сака уште две големи имиња.
Спорт пишува дека почнале преговорите меѓу Барселона и Челзи за двајца офанзивни играчи Тимо Вернер и Хаким Зијеш.
„Новиот тренер Чави сака да го засили напаѓачкиот дел од тимот, а се чини дека тоа најлесно е преку Челзи, кој е отворен за преговори. Дури и финансиските услови се прифатливи за Барселона“, пишува каталонскиот весник. додавајќи дека и Вернер и Зиех се подготвени да си заминат од Лондон затоа што сакаат да имаат поголема минутажа и поголема улога.
Вернер, 25-годишниот напаѓач, сезонава е во втор план по доаѓањето на Ромелу Лукаку и на осум настапи постигна само еден гол во Премиер лигата. Зијеш е 28-годишен крилен напаѓач и одигра само 300 минути во најсилната лига на светот оваа сезона.
Спорт ја пренесува и веста дека Барселона му нуди на Сити 40 милиони евра за Торес и дека се уште нема напредок во преговорите околу трансферот на Дани Олмо од Лајпциг.