Гент е прв четвртфиналист во Конференциската лига откако со 4-1 триумфираше на гостувањето кај Башакшехир, а ѕвезда на вечерта беше Орбан кој постигна хет-трик за три минути во првото полувреме.
Натпреварот во Белгија заврши 1-1, па турците се надеваа дека ќе го продолжат патот во КЛ, но Гент го имаше Орбан кој го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на европските натпреварувања.
Орбан постигна досега невиден хет-трик, од 31. до 34 минута постигна три гола и донесе предност од 3-0 за Гент. Кујперс во 37. минута го зголеми водството на 4-0 за гостите. Гент за седум минути даде четири гола.
Пред самиот крај на натпреварот, во 88. минута, Јанузај само го ублажи поразот и ги постави конечните 4-1.