Италијански Наполи, чиј член е македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас сезонава е веќе на чекор до „скудето“, нo импресивни се наполитанците и во Европа.За првпат во својата историја дојдоа до четвртфинале во најважното натпреварување, Лигата на шампионите.
Пласманот освен што е историски, и големо остварување, но факт е што Наполи досега даде 25 гола во мечевите во европската елита. Никој од тимовите во мултимилионското друштво нема дадено толку голови, како четата на Спалети, која воодушевува со настапите и игра фудбал за – сечиј вкус.
Со овие 25 гола кај италијанските клубови се трети по ефикасност, а имаат шанса да бидат и први. Јувентус во 2002/03 даде 30 гола, додека Интер во истата сезона и Лацио во сезоната 1999/2000 по 26.