Данил Медведев за првпат во кариерата се пласира во полуфинале на мастерс-турнирот во Индијан Велс, откако го совлада 23. носител Александар Давидович-Фокина (6-3, 7-5).
За Русинот ова е дури 18. победа по ред, со оглед што пред доаѓањето во САД победи на трите претходни турнири на кои настапи – Ротердам, Доха и Дубаи. Со ова тој го почнува искачувањето на АТП-листата на која драстично падна по одлуката на голем број турнири да не му дозволат настап бидејќи доаѓа од Русија, меѓу кој беше и „Вимблдон“.
Медведев како и на претходниот меч против Зверев, кога го повреди скочниот зглоб и на оваа средба имаше проблеми. После еден пад го раскрваве палецот, што за среќа не го спречи да дојде до посакуваниот триумф. Тој во полуфиналето ќе ги одмери силите со Френсис Тиафо (САД), кој го совлада Камерон Нори (6-4, 6-4).