Асани даде два гола во 14-та и 29-та минута, па Кишварда дојде до вкупни 2-3 после убедливиот пораз пред една недела и сѐ до завршната четвртина од мечот беа во игра, кога Манисверк им ги урна соништата со гол за да го завери плејофот за Молде. Македонскиот репрезентативец Марио Илиевски, пак, влезе во последните 12 минути од мечот.
Екс-репрезентативецот Иван Тричковски со АЕК Ларнака ќе играат плејоф во Лига Европа, откако денеска го преживеаа Белград и со ремито 2-2 го елиминираа Партизан, после домашната победа со 2-1 во третото коло на КЛ.
Тричковски беше резерва, а АЕК двапати се враќаше по негатива од еден гол во пресметката со црно-белите за на крај да се радуваат на пласманот во плејофот.
Во плејоф ќе игра и МОЛ Фехервар, за кој веќе две недели не игра Никола Серафимов поради повреда, откако овој унгарски тим со втора победа против молдавски Петрокуб со 2-1 обезбеди завршна рунда по триумфот дома со 5-0.
И Ердал Ракип со Малме ќе се бори за групи во Лига Европа, после ремито 2-2 кај Дуделанж во Луксембург, откако пред свои гледачи шведскиот првак победИ со 3-0.