Одлично прво полувреме одиграа двете екипи, кои постигнаа дури четири гола од кои два беа поништени поради офсајд. Ливерпул поведе со голот на Луис Диаз во 18. минута со првиот удар кон голот на Санчез.

Мохамед Салах набрзо погоди за водство од 2-0, но голот беше поништен поради офсајд. Потоа новото засилување на „сините“, Дисаси стрелаше за 1-1, а набрзо во листата на стрелци се запиша и Чилвел, но погодокот беше поништен поради недозволена ситуација.

Возбудувањата продолжија и во второто полувреме, каде што екипите се обидуваа да стигнат до втор гол, а поконкретен во нападот беше Челси кој се закани неколку пати, но Алисон беше на висина на задачата.