Лацио одигра 4:4 со Удинезе во супер интересен натпревар одигран на „Олимпико“ во 15 коло.
Гостите со двата гола на Бето имаа предност од 2:0 по 32 минути, на ова следуваше голот на Имобиле за Лацио во 34 минута, но Удинезе на пауза замина со предност од 3:1 со голот на Молина.
Во второто полувреме два брзи голови на Лацио, Педро па Савиќ за 3:3 по 56 минути. По ова Патрик беше исклучен во Лацио а Молина кај Удинезе.
За 4:3 реализираше Ачерби во 78 минута а конечните 4:4 ба делот на Арслан во 99 минута. Пред крајот црвен картон заработи и Валас од редовите на Удинезе.
Нашиот репрезентативец, Илија Несторовски го проследи мечот од клупата на Удинезе.