Тотенхем – Брентфорд 2:0. Ова е епилогот од вечерашниот меч од 14.коло во Премиер – лигата, во кој четата на Антонио Конте без некои посебни проблеми дојде до нови три бода. Работата на домашните уште во 12.минута има ја олеснија гостите кои самите, преку Кањос, си дадоа автогол за 1:0 за “спарси“.

Тој резултат важеше се до 65.минута кога Сон зголеми на 2:0, со што го постави конечниот резултат.

Со овие три бода „спарси“ сега имаат 22 бода и се наоаѓаат на 6.место на табелата во Премиер – лигата, но со натпревар помалку.