Поранешниот играч на Реал и поранешен шпански репрезентативец , Иско следните две сезони ќе ги мине во ФК Севиља, соопштија од андалузискиот клуб.
„ФК Севиља постигна начелен договор со Иско, кој ќе стане третото засилување на клубот ова лето по стоперот Маркао од Галатасарај и левиот бек Алекс Телес од Манчестер Јунајтед“, објави Севиља.
Во понеделник, Иско (30) ќе потпише договор за следните две сезони, а повторно ќе му се придружи на Хулен Лопетеги, тренерот под кој играше најдобар фудбал, во репрезентацијата (2016-2018) и во Реал (2018).
Шпанскиот репрезентативец со 38 настапи и 12 гола ќе се обиде да ја оживее кариерата во Севиља откако во последните сезони не играше во Реал, а летово му истече договорот со Кралскиот клуб. Минатата сезона го мачеа болки во грбот, а одигра само 17 натпревари, од кои само три како стартер.