Новиот менаџер на Челси, Грем Потер, има идеја за промена што би можела да ја потресе Премиер – лигата. Како што пренесува „Калчомеркато“, тој сака во Тотенхем да го испрати Ромелу Лукаку кој моментално е позајмен во Интер, а на „Стемфорд Бриџ“ да го доведе Хари Кејн.
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте и Лукаку добро соработуваа во Интер, па можеби не би имал ништо против, иако Кејн е лидер на неговиот тим.
Трансферите на градските ривали секогаш привлекуваат големо внимание, па прашање е колку е ова реално и изводливо.
Пред една година Кејн беше на прагот да се пресели во Манчестер Сити, но тој трансфер резултираше со контраефект. Се шпекулира дека Баерн Минхен ќе се обиде да го донесе следното лето, а сега во игра влегоа и „сините“ од Лондон.
Од друга страна, Челзи сака да се ослободи од Лукаку, но и Интер ќе се прашува каде моментално игра Белгиецот на позајмица.