Крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња Дијаз, сака да премине во тимот на Барселона ова лето. 25-годишниот бразилски репрезентативец оваа недела се сретнал со неговиот агент Деко и двајцата решиле да ja чекаат понудатa од каталонскиот клуб.

Рафиња е посакуван и од Арсенал кој испрати понуда до Лидс. Сепак, самиот играч се уште не се согласил за трансфер во лондонскиот клуб и ги одложува преговорите додека не се реши ситуацијата со Барселона.

Во сезоната 2021/22, Рафиња постигна 11 гола и забележа три асистенции на 36 натпревари за Лидс Јунајтед. Неговиот договор со клубот е до 30 јуни 2024 година.