Кошаркарската репрезентација на Србија во кошарка 3х3 во состав Дејан Мајсторовиќ, Марко Бранковиќ, Михајло Васиќ и Страхиња Стојачиќ е нов светски шампион!
По победата во полуфиналето над Белгија од 17:12, селекцијата на Србија вечерва триумфираше во финалето против Литванија со резултат 21:16 и со тоа на Србија и ја донесе петтата светска титула!
Србија успеа да го освои петтото злато на седум планетарни собири, а има и едно сребро и едно четврто место.
Србите остварија седум победи од исто толку натпревари во ова натпреварување.
Ги совладаа Нов Зеланд (21:19), Порторико (21:19), Франција (22:15), Бразил (22:7), олимпискиот шампион Летонија (22:17), домаќинот Белгија (17:12), а на крајот Литванија .