Барселона славеше во кошаркарското „Ел Класико“, резултатот беше 85:75, а нервозата кај кошаркарите на Реал се префрли и на клупата на тој тим каде со години седи искусниот Пабло Ласо.
Беше најнервозен по натпреварот, дури и се скара со Шарунас Јасикевичиус, тренерот на Барселона, а немаше ракување.
Треба да се напомене дека домашните кошаркари на Реал добија неколку технички грешки, но сето тоа е сосема нормално кога се игра „Ел Класико“.