Српскиот селектро Светислав Пешиќ го отпиша капитенот Милош Теодосиќ (35) пред Евробаскетот. Еден од најдобрите српски кошаркари дојде на тренингот и се одзва на поканата, како што тоа го правеше претходните 15 години, но Пешиќ реши да продолжи без него. Српските медиуми се шокирани од отпишувањето на Теодосиќ, кој со Србија го освои среброто на СП 2014 и Олимписките игри 2016 година.
Пешиќ не смета на Теодосиќ ниту за квалификациските натпревари за СП. Србија пред септемвриското ЕП ќе игра против Грција и Турција. Теодосиќ за Србија дебитираше во 2007 година, а поради повреди не играше на ЕП 2013 и 2017 година. Во својата кариера настапуваше за ФМП, Борац Чачак, Олимпијакос, ЦСКА Москва, ЛА Клиперс, а од 2019 година е член на италијанскиот Виртус Болоња.