Во саботата вечерта се одиграа шест натпревари во НБА лигата. На паркетот во најсилната кошаркарска лига имаше многу возбудувања.
Така Детроит го победи Сан Антонио по продолжение (117:116) , а возбудливо беше и на дуелот помеѓу Чикаго и Вашингтон каде Булс со тројка на Демар Дерозан од тешка позиција со звукот на сирената ги совладаа Визардс.
Заедно со херојот ДеРозен, кој мечот го заврши со 28 поени, кај Чикаго се истакна и Зек Лавин со 35 поени, додека Никола Вучевиќ имаше 22 поени и 12 скока. Во редовите на Вашингтон најефикасен беше Кајл Кузма со 29 поени, а два помалку додаде Бредли Бил.
Во победата на Голден Стејт Вориорс над Јута (123:116), Стеф Кари собори нов рекорд. Најефикасен поединец на мечот беше со 28 поени а овој меч е 158. последователен меч на кој постигна барем една тројка.
Дербито помеѓу Бруклин Нетс и Лос Анџелес Клиперс им припадна на Клиперс, иако расположени беа Џејмс Харден со 34 поени и Кевин Дурент со 28 поени.
Резултати :
Детроит – Сан Антонио 117:116
Вашингтон – Чикаго 119: 120
Јута – Голден Стејт 116: 123
Бруклин – Лос Анџелес Клиперс 116:120
Милвоки – Њу Орлеанс 136:113
Хјустон – Денвер 111: 124