Некои клубови ги претвораат своите стадиони во фабрики за пари на денот на натпреварот, но некои претеруваат.
Епитетот најскап фудбалски стадион го носи стадионот Емирати, кој е во сопственост на Арсенал.
Цените на домашните натпревари на Топчиите се огромни и може да се сметаат за луксуз бидејќи некои услуги се навистина прескапи.
Верувале или не, хамбургер со помфрит во Емиратите чини 10,8 фунти, што ако се претвори во македонска валута е околу 800 денари, дури и повеќе од дневница кај нас.
Инаку, цените на билетите за натпреварите на Арсенал воопшто не се ниски, згора на тоа се дури и превисоки со оглед на резултатите што ги покажаа „топчиите“ во последните сезони.
Во Арсенал ја направија категоризацијата на натпреварот, па вчерашниот натпревар против Манчестер Сити (1:2) беше А категорија. Билетите за вакви средби се најскапи.
Цените на билетите за натпреварот против Граѓаните во зависност од трибината и седиштето се движеа од 65 до 95 фунти.
Сепак, годишните билети во Премиершип се најскапи за навивачите на Арсенал и изнесуваат 890 фунти или речиси 66.000 македонски денари.